Министерот  за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека за прв пат се воведува Програма за поддршка на малите производители за ракија и дестилерии.
-Обезбедуваме 5.000 евра по корисник, за набавка на опрема, како и за ангажирање на стручно лице. При посетата на првата крафт дестилерија во Северна Македонија за производство на џин SMIDGIN, се запознав со целиот процес на произведување, како и со специфичните вкусови на џин што оваа дестилерија ги подготвува. Поддршката за малите производители на храна и пијалоци е наш главен фокус. Продолжуваме…- порача министерот Николовски.