Осуда за физичкиот напад врз првиот човек на регулаторната комисија, Марко Бислимоски, пристига и од премерот Зоран Заев.

-Тоа е недозволиво, чин на кривично дело и согласно на тоа МВР ќе преземе се што е потребно. Го осудувам ваквиот настан, затоа што е директен напад врз независно регулаторно тело, кое што е важно за државата, како и сите институции. Се надевам дека лицето брзо ќе биде процесуирано пред правдата, рече Заев.