„Оваа коалиција се потпира токму на тие вредности, но и на одредбите и потребата за доследно спроведување на Охридскиот рамковен договор, Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија“. Со сите што цврсто стојат на овие принципи има простор за разговор. Се разбира, тоа не е и не може да биде ВМРО-ДПМНЕ, додека на чело на партија се Христијан Мицкоски и Никола Груевски.“- рече Зоран Заев во денешното обраќање при објавувањето на предизборната коалиција меѓу СДСМ и Беса.

„Убеден сум дека за иднината на нашата заедничка татковина, ова заробено ВМРО-ДПМНЕ треба да остане политички изолирано како ретрограден политички субјект кој ги блокира и опструира сите најважни внатрешни и надворешни процеси на Северна Македонија. Само така ќе смогнат сили внатрешно да се реформираат и да почнат да се однесуваат како конструктивна демократска опозиција, бидејќи со сегашното однесување тие се опасност и за државата и за граѓаните. Ова го кажувам за да предизвикам реформи во ВМРО-ДПМНЕ веднаш по изборите.

Што се однесува до другите албански партии и коалиции, сакам да ја уверам јавноста дека како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања. Оние кои што ќе сакаат да се приклучат на победниците ќе треба да ги прифатат нашите принципи и вредности за евентуално учество во владината коалиција“, рече Зоран Заев.