„Нема државен систем, сè е партија, Груевски и тие неколкумина соработници околу него урнисале сè! Со партиски кадри исклучиво под контрола и по одобрение на Никола Груевски ги преполниле полицијата, судството, здравството, образованието – додека професионалци и луѓе кои не мислат како власта, биле исфрлени на улица“- вака на денешен ден во 2015 година Зоран Заев ја започна прес-конферецијата по повод објавувањето на 20-та “бомба” по ред како дел од проектот “Вистината за Македонија”, чија единствена цел беше разобличување на режимот на Никола Груевски кој целата држава ја држеше во заложништво цели 11 години.

Да се потсетиме и да не заборавиме што слушнавме:

  • Разговорот помеѓу Јанкулоска и Мартин Протугер открива како Живко Поповски, татко на министерот на надворешни работи Никола Поповски, инаку директор на Цивилна и воздушна пловидба го избркал претседателот на Синдикатот поради непослушност;
  • Ќе се потсетите како факултетите се полнеле со асистенти низ подобна партиска лупа, како треба “сè да се исчисти, за да не има уште некој комуњар“ или некој во кого не се сигурни;
  • Груевски, замислете, не дава ни неговиот друг извршител Горан Трајковски од УЈП да процени кој може да биде вработен во УЈП. Трајковски ќе примал ургенции, а Груевски бара од Јанкулоска да исчисти терен тие ургенции да одат преку него и неговите луѓе;
  • Протогер бара од главниот кадровик Јанкулоска, работно место за партискиот возач, кој треба да се води вработен ама да не оди на работа. Јанкулоска, послушајте, предлага дека тоа може да биде и во возниот парк кај “неа“, мисли на министерството, нели, и додава дека со шефот на возниот парк во МВР ќе можеле да бркаат “партиски работи“.
  • Како лично Ставрески реагира “Ги трупаме!“, коментирајќи дека и во библиотеки и во музеи…, секаде каде што му одговарало на Груевски, мора да поминат неговите “миленичиња“.