Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците на РМ, 28 септември (понеделник), Меѓународниот ден на Бошњаците, е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

Исто така, согласно со Законот за празниците на РМ, 28 септември 2020 година (понеделник) е неработен ден и за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија, Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.