Бебе почина како последица од инфекција со коронавирусот на Детската клиника Тиршова во Белград, јавуваат српските медиуми.

-За жал, првото бебе кое беше хоспитализирано кај нас со само 10 дена старост почина минатата недела по речиси шест недели борба за живот, изјавила д-р Снежана Рсовац, од Детската клиника.

Таа додава дека на Клиниката се сместени уште две бебиња и дека нивната моментална состојба е добра.

-Едномесечното бебе е на интензивна нега, вели таа, а другото бебе полека се опоравува иако долго време беше на респиратор.

Сите други деца на Детската клиника Тиршова, како што посочува д-р. Рсовац се во добра состојба, а намален е и бројот на приеми на заразени деца.