Во оваа држава, мајстори за пазарење и контролирање пратеници се ВМРО-ДПМНЕ. Се сеќаваме дека тие за време на Груевски ги тераа пратениците да потпишуваат меници на 600 илјади евра. Сега имам информација дека истото се случува и со советниците во неколку скопски општини и во внатрешноста, кажа членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека до пред 5-6 години пратениците се тераа да потпишуваат меници со цел да гласаат буџет, додека опозициските пратеници беа исфрлани.

-Сега веројатно мениците се потпишуваат за гласање на Деталните урбанистички планови по општините, каде што ВМРО-ДПМНЕ има мнозинства, кажа Богоев.

Тој додаде дека токму потпишувањето на мениците е киднапирање на волјата на пратениците, бидејќи не му се овозможува да гласа по своја волја кога над глава му виси меница од 600 илјади евра.