Време за губење немаме, бидејќи не чека многу работа, вели потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во гостувањето на ТВ21. Тој рече дека на многу социјалдемократи им треба мотивација после локалните избори за да им се врати довербата дека нешто може добро да се направи за партијата, а со тоа и на државата.

-Следува и избор на претседатели на општински организации, а од пролет комплетно ќе се посветиме на терен, истакна Богоев.

Тој повтори дека треба време за да се покажат резултатите на новото раководство.

-Нашите традиционални гласачи не ни дадоа поддршка. Но ќе ја вратиме и кај нив вербата. Со едно вакво отворање на партијата секој ќе си го пронајде местото. Го познавам менталитетот и карактерот на претседателот Ковачевски и верувам дека ќе најдеме како раководство сили. Ние како партија покажавме дека гласот на секого е битен и сечие мислење ќе биде чуено. Сите скептици верувам дека ќе го пронајдат своето место во СДСМ. Сите нив јавно ги повикувам, им подавам рака, да дојдат во партијата, рече Богоев.