Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, за утре најави почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и оцени дека тоа е „историски момент“.

Тој изјави дека гласањето во македонското Собрание ја „отворило вратата“ за процесот што ќе започне утре со Меѓувладината конференција во Брисел.

„Ова е добра вест. Немаме многу добри вести, но се надевам дека ова ќе го зајакне нашиот ангажман на Балканот“, изјави шефот на европската дипломатија.