Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс објавија дека им се роди син во лондонската болница.

Портпаролот на британскиот премиер изјави дека двојката е пресреќна од раѓањето на бебето рано утрово и дека и мајката и бебето се добри.

Откако Џонсон заболе од „Ковид-19“, Симондс беше во изолација во Камбервел, јужен Лондон. Кога тој оздраве, таа се врати на адресата Даунинг стрит 11.

Џонсон од претходниот брак со Марина Вилер има две ќерки и два сина, како и уште една ќерка од вонбрачната врска што ја имаше во минатото.