Британски млазен авион „F35“ од главниот британски носач на авиони „HMS Queen Elizabeth“ се урнал во Средоземното Море за време на летот, а пилотот се катапултирал.

Не е прецизирано каде точно во Средоземното Море се урнал авионот.

Не се смета дека станува збор за непријателска акција, а истрагата ќе покаже дали се работи за техничка или човечка грешка.

„Пилотот безбедно е вратен на бродот и истрагата е започната, така што би било несоодветно да се коментира подетално во овој момент“, соопшти британското воено воздухопловство.

Борбениот авион од новата генерација „ RAF F35 “ вреден 100 милиони фунти е во море и допрва треба да биде извлечен.

Осум британски авиони „F35“ се на носачот заедно со десет американски „F35“.

Тие се Б варијанта на млазот „Lockheed Martin“, кој може да полета на кратко растојание и да слета на носач.

„HMS Queen Elizabeth“ се враќа во Велика Британија по повеќе од седум месеци на море на своето прво патување до Далечниот Исток и назад.