Платена храна и околу 1200-1500 денари дневница.

Ова е цената за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа.
Сезоната за берење на јаболката почна на крајот на септември, а трае се до крајот на октомври.

Потребна е работна сила и за пакување и складирање на јаболката, за што дневницата е слична, а потреба од ваква работна сила има постојано.