На 24.12.2021 во 01.50 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен Ј.И.Х.(48) од Турција поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.