На 26.01.2022 во 00.05 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Видое Смилески Бато“ со сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Т.М.(21) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од Д.Г.(48) од с.Стајковци, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.
На местото на несреќата починал Д.Г., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген поло“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а Т.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.