Запрашан дали здравствените власти ги знаат сите кластери кои се моментално активни во државата и може ли да се очекуваат некакви изненадувања во тој поглед, министерот за здравство Венко Филипче, во денешното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија, смирува дека здравствените власти ја имаат комплетната слика.

“Комплетната слика ја има во епидемиолошките анкети, точно знаеме кој како е заболен, станува збор за близок респираторен контакт или во рамките на еден кластер или помеѓу кластери. Затоа велиме дека епидемијата е под контрола” – изјави Филипче.