Полицаец вработен во СВР-Струмица во работно време со службено возило без капа објавува како појадува врз хаубата на полициското возило. Фотографијата е објавена на Инстаграм.

Дали по ваквата објава ќе биде санкциониран овој полициски службеник, бидејќи постои Упатство за користење на социјалните мрежи од страна на работниците во МВР донесено уште во 2012 година.

Во ставот 7 од Упатството стои дека работниците не треба да објавуваат видеа или фотографии во униформа, со оружје, маскиран, со полициски значки, службени возила или други облежја кои директно или индиректно имплицираат дека е работник во министерството.

По ова се поставува прашањето дали министерот Наќе Чулев и началникот на СВР Струмица, Васил Тодоров, ќе го санкционираат однесувањето на полицискиот службеник, кој од приложените фотографии се гледа дека е член на ВМРО ДПМНЕ.

policaec_strumica_1

policaec_strumica_2

Бриф