Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека имаат доста проекти преку кои сакаат да им помогнат на граѓаните.

„Како општина баравме начин да дополнително помогнеме на нашите граѓани, првично целта ни беше да им помогнеме на повозрасните граѓани кои земаат пониски пензии, односно до средна пензија“, вели Герасимовски.