Владеењето на правото мора да се случи доколку Северна Македонија сака да влезе во ЕУ, вели германскиот амбасадор Томас Герберих за Алфа Тв.

Не е проблемот само финансискиот дел на граѓаните туку и правната држава. Тоа е првото што треба да се направи. Треба да видат дека има борба против корупција и непотизмот, дека правата кои ги имаат се спроведуваат, дека судството работи независно. кога тоа ќе се постигне тогаш луѓето ќе останат во земјата и тука да го искористат својот потенцијал наместо да бараат виза за во Германија или друга европска земја, појаснува Герберих.

Во однос на Преспанскиот договор, Герберих вели дека истиот може да се гледа низ призмата на Елисејскиот договор со кој дојде до помирување помеѓу Германија и Француија по завршување на втората светска војна. Тој ги споредува поранешниоте премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас со тогашните лидери на Германија и Франција Аденауер и Шарл де Гол.

Договорот од Преспа може да се гледа низ призмата на Елисејскиот договор за помирување помеѓу Германија и Франција. Преспанскиот договор е прв договор после оној помеѓу Франција и Германија и ќе влезе во историјата на диполоматијата како помирување на две земји после долги години. Северна Македонија и Грција имаат заедничка историја и предци, нема смисла меѓусебно да се убедувате кој има подобра култура или кој предок на кого му припаѓа. Треба да се помирите, да се прехранат семејствата децата, да имаме добар бизнис и не треба да се разговара за реваншизам. Кога ќе се надмине тоа се доаѓа до Преспанскиот договор кој треба да се имплементира. Гледам дека оваа подготвеност се развива помеѓу Македонија и Грција, се развива од храбри политичари, Заев и Ципрас кои двајцата ја ризикуваа својата егзистенција. Тие имаа храброст да започнат нешто и да ги убедат другите. Чекор по чекор се развиваат вакви нешта како Аденауер и Де Гол. За двајцата државници беше тешко да ги спроведат идеите во реалноста. Помеѓу Грција и Северна Македонија можеби ќе има одредени препреки при спроведувањето на договорот, но сметам дека тоа ќе се случи треба да се искористи оваа шанса и да не ја изиграат, вели Герберих.