Маж во Хрватска при прослава на Нова година оставил половина населба без струја, откако пукал со пиштол во воздух.

Притоа, тој оштетил електричен кабел од нисконапонската мрежа, а дел од населбата Пишкоровец одредено време останала без струја.

Полицијата веднаш го пронајде мажот и одземено му е оружјето, а за среќа нема настрадани при овој несекојдневен инцидент.