Денеска на прес конференција во нас. Иго Тричковиќ кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски даде коментар  за поддршката на ВМРО ДПМНЕ кон неговиот против кандидат

„Кумановци имаат едноставен избор, а тоа се инвестиции од една страна или непринципиелни пазарења од другата страна. Чисто, зелено модерно Куманово или заборавен град како во времето на режимот“ –рече Илиевски.

Тој истакна дека додека некој ги детектира проблемите на граѓаните и нуди решенија за решавање на истите, друг детектира каде ќе има повеќе гласови и ветува сé само да ја задржи градоначалничката фотелја.