„Западна Македонија ќе добие современ автопат и Битола и Прилеп за прв пат ќе бидат поврзани со современ автопат. И веќе се завршува експресниот пат кој води од коридорот 10 до коридорот 10Д низ фаришката клисура каде што се пробиени тунелите итн, да не навлегувам во детали. 950 километри нови и рехабилитација на постојни патишта, таа не е износ, сума која е од ракав извадена бројка туку се темели на програми и на кредитни линии со Светска Банка кои што веќе се преговрани со оглед на што ние ја водиме Владата. Претходната бројка исто така со оглед на тоа дури е и над таа бројка од 950 километри која стоеше во програмата од 2020 година со оглед на тоа дека над 1000 километри патишта низ државта се рехабилитирани и се направени да бидат во многу подобра состојба,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Македонската Телевизија.
Тој посочи дека завршени се и експресните патишта во Источна Македонија.
„Ако ја погледнете источна Македонија денес таа има комплетно нов лик во патната инфраструктра. Ескрепсниот пат до Кочани, комплетна реконструкција до Струмица, експресен пат до Пробиштип, веќе се работи ан нов експресен пат кој е во финална фаза Ранковце – Крива Паланка. Проширен е делот накај Деве Баир. Комплетно е реконструиран, патот кој води од Куманово до Страцин. Во мавровскиот дел на пример комплетно е реконструиран Маврово – Жировница,“рече Ковачевски.
Тој посочи дека тоа се патишта кои со децении и децении биле запоставени, а сега се комплетно реконструирани, проширени и обезбедуваат многу посигурен сообраќај. Како и дека тоа се дел од тие 1300 километри патишта кои беа реконструирани или нови направени и има уште 950 километри со оглед на тоа што се уште има патни правци во државата на локално, регионално ниво кои треба да бидат реконструирани.