На 21.12.2021 во 10.45 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на 20.12.2021 околу 23.20 часот настанал пожар во гаража на зграда на ул.„Ибе Паликуќа”.

При тоа биле зафатени три автомобили: „опел астра”, сопственост на А.М.(38), „пежо 206″, сопственост на К.В.(24) и „фолксваген голф”,сопственост на М.Г.(73), сите со скопски регистарски ознаки.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.