-Имаме две парадигми, една е Зоран Заев не како личност, туку како политика, а другата е Хрситијан Мицкоски. Ако доволно добро и јасно ги изчитуваме наративите на двајцата ќе видиме дека подобра варијанта за оваа земја е политиката на Заев.-констатираше аналитичарот Ненад Јовановиќ во емисијата „Седма сила“ на Слободна ТВ.
-Ние не бараме Мицкоски да му се потчини на Груевски, туку да си ја поврати довербата оградувајќи се од злосторничката политика на ВМРО-ДПМНЕ, рече Јовановиќ кој потсети дека во демократија се гласа за помалото зло.
-Дојде човекот го заврши Преспанскиот договор, решавајќи го билатералниот спор, помирува, бара соживот, ги ослободува институциите, сами да носат одлуки, „едно општество за сите“, тоа е вистинската парадигма, заклучи Јовановиќ алудирајки на лидерот на СДСМ Заев.