Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска изјави дека К-15 нема да важи за вработените во администрацијата кои беа вработени по Рамковен договор, а седеа дома. Ова право ќе важи само доколку прифатат прераспределување.
– Апсолутно ќе се погрижиме овој договор да не важи за таканаречените рамковно вработени колку тоа да го вели Колективниот договор. Ќе најдеме начин заедно со синдикатот и со надлежните институции овие луѓе да не земат К-15 . Се разбира, ќе важи само за оние кои ќе прифатат прераспределување, рече Манчевски одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на Колективниот договор за државната администрација.