– Горда сум што сум дел од креирањето на концептот на едно општество, затоа што токму верувањето во вредностите на едно општество за сите граѓани, во толеранцијата, правичноста, еднаквите можности, токму тука живее концептот на едно општество – истакна Ѓулумсер Касапи, Пратеничка на СДСМ и претседател на комисијата едно општество за сите на трибината „Агенда – Едно општество за сите 20 – 24″, во Гостивар.
Таа истакна дека токму вербата во социјална правда, еднакви можности на жените и мажите, вклученост и учество на граѓаните во одлучувањето и постигнување општествена кохезија придонесоа за носење на нови законски решенија. Како такви таа го посочи законот за заштита и спречување на дискриминација, кој целосно одговара кон елиминирање на сите форми на дискриминација и е голем исчекор кон градењето на едно општество за сите.
Потоа, законот на Агенцијата за остварувањето на правата на заедниците под 20%, исто така мошне е значаен и новиот Закон за Основно образование, со кој сите деца на територијата на Република Северна Македонија се вклучени во образовниот систем. Во истиот се негуваат интеркултурните односи и процеси во кој се промовираат културните разлики и нивното премостување во поширок општествен мултиетнички и мултикултурен контекст.
Градиме интегрирано образование, преку стратегијата за интегрирана настава на македонски и албански јазик во одредени, средни училишта во Скопје – истакна Касапи.
Таа посочи дека денес создаваме политики за едно општество кои се однесуваат на сите граѓани и работиме на подигнување на свеста од најмала возраст како и спречување на верската и етничка нетрпеливост.
Денес ние веќе го живееме концептот на едно општество за сите, за нас тоа веќе е објективна реалност бидејќи токму новите законски решенија го овозможуваат тоа.
Политиките на СДСМ остануваат посветени кон креирање на едно општество за сите граѓани и во иднина – порача Касапи.