Актуелниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев ќе е носителот на кандидатската листа на партијата во изборната едница 3.

Пред извесен период Јанушев порача дека кандидатите ќе бидат со интегритет, чесни, со искрени намери да работат за Македонија.

„Ќе имаме некомпромитирани кадри кои со срце ќе се борат за обнова и подобар живот во Македонија. Обновата ќе ја донесат луѓе со кредибилитет за кажаниот збор. Тоа е нашата обврска“ – изјави пред неполн месец Јанушев.

Откако вечерва неофицијално се објавија имињата кои се најдоа на кандидатските листи, дел од јавноста реагира „Каде е кредибилитетот?“.

Именките „Јанушев“ и „кредибилитет“ не одат во иста реченица, констатира еден граѓанин на социјалните мрежи.

Зошто? Се обидовме да истражиме! Дали можеби затоа што Јанушев е еден од осомничените во случајот на СЈО „Дизајн“?

Игор Јанушев и Јулијана Јанкуловска Атанасова, во периодот 2009 до 2010.година, се осномничени дека како членови на комисијата за спроведување на јавни набавки, на двокатни автобуси за град Скопје, формирана од министерството, ги искористиле своите службени положби и овластувња и за економскиот оператор Јутонг од Кина прибавиле корист, односно незаконско повластување – фаворизирање во постапката и склучување на договор за набавка на 202 двокатни автобуси, нанесувајќи му штета на буџетот на Р.М. во износ од 5.000.000 евра.

Дали можеби Јанушев е вмешан и во незаконското финансирање на претходната изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ?

Имено, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој беше потписник на сметката која беше затворена со долг од 400.000 евра, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 рече дека не може да се сети во која банка ја отвориле сметката, која подоцна е затворена и покрај долгот.

Дали можеби Јанушев „кредибилитетот“ го залужува со јавно признание во емисијата Топ тема дека неговата партија намерно ги блокираше законите за Јавно обвинителство и изборниот законик за една изборна единица, како и законот за одбрана кој е неопходен да се донесе со оглед на влезот на државата во НАТО?

Ова се одговори кои ВМРО -ДПМНЕ треба да ги даде на јавноста со оглед на тоа дека најавуваат нови и некомпромитирани кандидати, но на листата имаат луѓе како Јанушев кој е обвинет за криминал, Антонио Милошовски кој ургира за одлуки кај Јово Вангеловски или пак Јохан Тарчуловски кој беше прогласен за воен злосторник кој наместо да обединува делеше по разни основи.