-Како одговорна политичка опција во државата, СДСМ најостро го осудува ширењето на говор на омраза, го осудува антисемитизмот. Би сакал да кажам дека човекот нема никаква поврзаност со СДСМ и ја користам оваа прилика да апелирам до надлежните институции да го отворат случајот и да го истражат и да има соодветна одговорност согласно законите на Република Северна Македонија, рече во одговор на новинарско прашање Костадин Костадинов, портпарол и пратеник од СДСМ.
Нашата држава е демократска земја, нашето општество е демократско и секако такви испади се недозволиви, порача Костадинов.