Оваа Влада две години се справуваше со пандемијата и економските последици и поради добрите мерки над 60 илјади работни места не се изгубени, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во гостувањето на Канал 5 телевизија. Прашан за приоритетите на новата Влада тој нагласи дека клиентелизмот и корупцијата се најголеми проблеми, не само политички, туку и економски.

-Затоа е клучно да бидат на функции поставени луѓе што се одговорни и чесни, да покажат личен премиер. Тие ќе имаат нивна одговорност, која јас ја делам на два аспекта, првиот е правен, односно да работат соглаасно законите и вториот е извршен, односно да ги сработат задачите во определните рокови, рече Ковачевски.

Тој кажа дека важи за помалку попустлив човек од Заев, кој бара одговорност.

-Од оние што се субординирани во одредена хиерарија барам резултати, рече Ковачевски.