Во интервјуто на телевизија Телма, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски најави дека наскоро неговиот советодавен тим ќе биде засилен со експерти кои во моментов се професори на престижни универзитети во Германија и во Англија.

Имено, две професорки, експерти во областа на даноците, енергетиката, финасиите… ќе му се приклучат на владиниот тим.

Целта на Ковачевски е да се оствари што поголем број од капиталните инвестиции, но и некој да се вклучи во одредувањето на правецот на државата во секторите кои со децении останале без стратегија и без доволно обучен кадар.