Имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 годин, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3%, што значи повеќе пари за граѓаните.
Растот на економијата оваа година ќе биде над 4%, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат.
Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45% во споредба со минатата година.
Дефицитот е понизок од планираниот, изнесува 5,4% од БДП, што значи дека задолжувањето на економијата било помало.
Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството.
Во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергеткста криза економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите“, посочи Ковачевски.