„Вие седнавте на маса со ВМРО-ДПМНЕ, партија што го воспостави 11-годшниот режим. Седнавте на маса со партијата што ги брани уставобранителите кои спречија мирен транзит на влада, односно спречијат Талат Џафери да стане претседател на Собранието. Седнавте со тие што ги поттикнуваа граѓаните да мразат и сега кажувате дека ние треба да се извинуваме за состојбата во судството“ го запраша портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, Омер Ајдини од Алијанса за Албанците во емисијата „Патот кон“ на Алсат М.

Таа додаде дека токму ВМРО-ДПМНЕ, партијата со која Алијанса за Албанците седна во коалиција беше против Законот за Јавното обвинителство, со кој може случаите против Мијалков, Камчев и останатите предмети од СЈО да имаат судска завршница.

„Што планиравте да правите со ВМРО-ДПМНЕ откако седнавте маса? Со кого планиравте да правите влада?“ запраша Кузеска.

Портпаролката на СДСМ додаде дека токму претседателот на правата комисија на ВМРО-ДПМНЕ е адвокат на Орце Камчев.

„Сте седнале на маса со Левица и ВМРО-ДПМНЕ сакајќи да ја срушите владата, без никаков план што ќе правите со отворените прашања понатаму“ заклучи Кузеска.