Новоизбраната заменик-претседателка на владејачката партија СДСМ, Сања Лукаревска вечерва на Фејсбук им се заблагодари на своите сопартијци за довербата која и ја укажаа и најави дека заедно со останатите партиски функционери ќе продолжат да градат општество според социјалдемократските вредности – праведно, правично и хумано.

-Навистина е чест да се биде заменик претседателка на #СДСМ, партијата во која пораснав, со која се изборивме да ги вратиме слободата во државата и достоинството на граѓаните. На овие темели го трасиравме патот за #напредок и докажавме дека #можеме уште повеќе. Останавме верни на нашите вредности дури и во време на најголемата светска криза во поновата историја. Поддршката за граѓаните секогаш беше и ќе остане наш приоритет“,напиша Лукаревска на Фејсбук.