На 16.03.2023 во 04.27 часот во Полициската станица во Велес било пријавено дека во куќа на улица „Коле Цветков” во Велес настанал пожар. Во куќата бил пронајден починат сопственикот М.Ц.(58) од Велес, кој настрадал во пожарот. Лекар од Итна медицинска помош од Велес констатирал смрт, а пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Велес. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.