Во СВР Охрид вчера во утринските часови било пријавено дека пронајдено е починато лице на локален пат во охридското село Велгошти.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а од увидот извршен од полициски екипи, констатирано било дека се работи за М.В. (62) од Велгошти.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.