Новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски оставарува средби со лидерите на партиите од коалиционата влада, при што вчера се сретна со раководството на Либерално демократската партија.

-Вчера се сретнавме со Заев и Ковачевски. Премиерот потоа продолжи поеднично со сите коалициони партнери. Генерално ние и после првиот круг на локалните избори кажавме дека ние ќе и дадеме шанса на Владата да се корегира, односно она што се зборува цело време дека Владата ги слушнала забелешките од граѓаните и ќе се корегира, им укажавме дека ова е последна корекција, бидејќи друга нема да имаме сите ние, бидејќи ќе дојдат парламентарни избори и граѓаните ќе дадат црвен картон, изјави за Утрински брифинг Горан Милевски претседател на ЛДП и министер за локална самоуправа.

Според него владата мора да работи одговорно.

-Ова треба да биде последна шанса. Дека ЛДП дава можност Владата целокупно да се корегира, па и да изгубиме ќе оставиме некое наследство кое што граѓаните еден ден ќе го ценат, додава Милевски.

-Со Ковачевски имав можност да се запознаам. Сме имале можност и во влада и во Собрание да се сретнеме. Динамичен е, има желба да сработи и мислам дека неговиот темперамент ќе даде една нова динамика во Владата. Во политиката мора да има одговорност. Многу работи ќе се размрдаат, вели Милевски.

Според лидерот на ЛДП, фокусот на новиот мандатар Ковачевски би бил кон решавањето на домашните прашања.

-Заев енергијата ја потроши на решавање на надворешно политичките прашања и сметан дека Ковачевски ќе се посвети на домашни прашања. Стабилноста на Владата зависи од испорачаните резултати, вели за УБ лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски.

Според него новата Влада во Бугарија има либерни сфаќања за состојбата и побараа време да ја спремат бугарската јавност дека Македонија е пријател.

-Јас сум оптимист, вели Милевски за решавањето на спорот со Бугарија по што би се отворил патот за преговори на Северна Македонија во ЕУ.