-Очекувам прво да се оформи раководството на партијата, па потоа да станат јасни и носителите функции во извршната власт, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето на ТВ24.

Тој додаде дека наредните владини функционери предложени од СДСМ треба да бидат потврдени преку партиските органи, односно Централниот и Извршниот одбор. Одговарајќи на новинарско прашање, Митрески изрази увереност дека напролет предвремени избори нема да има.

-Оваа Влада која се формира се формира за да го истера целиот мандат и верувам дека ќе опстои до редовниот термин за избори во 2024 година, нагласи Митрески. Тој додаде дека тому поради пандемијата и поради енергетската криза треба да има сигурна Влада која ќе ги решава предизвиците со кои се соочувааат државата и граѓаните.