Не верувам дека ќе се чека многу денови за целата процедура за новата Влада, бидејќи државата е исправено пред голем број предизвици, кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето на ТВ24.

-Петти или 10-ти јануари се работни денови кога би можеле да се поднесат во Собранието програмата и составот на нова Влада, па потоа течат рокови за закажување седница и очекувам до 18-ти јануари да има нова Влада, кажа Митрески.

Тој додаде дека опозиционерите продолжуваат да шират шпекулации за нови мнозинства и нова власт и истакна дека тие шпекулации постојано се демантираат.

-Ќе биде избрана новата Влада од новото мнозинство, а очекувам и новото мнозинство да расте кога ќе ја видат програмата, кажа Митрески, додавајќи дека тоа не би биле пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.