–Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Зоран Попов денеска ги прими и упати извинување до претставниците на невладина организација од Република Кореа кои беа изложени на вербален акт на нетрпеливост и ксенофобија во центарот на Скопје.
– Остро го осудуваме овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваме надлежните органи да го откријат и соодветно санкционираат сторителот, соопшти МНР.
Воедно, се посочува дека борбата против говорот на омраза, расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и други видови нетолеранција треба да биде една од најважните вредности на нашето општество, особено имајќи ја предвид неговата мултикултурална димензија.
-Таа борба треба да биде императив на сите институции, но и на граѓаните на нашата земја, стои во соопштението.