Ова се случува прв пат, историска е коалицијата помеѓу СДСМ и Беса. Порано не беше замисливо таква предизборна коалиција помеѓу македонска и албанска партија, изјави политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во вечрашното гостување во емсиијата „Само вистина“ на Канал 5ТВ.
Тој додава дека бе разлика на тоа што на потпишувањето на коалицијата беа присутни само неколку луѓе од СДСМ, претседателот на партијата Зоран Заев, генералниот секретар Љупчо Николовски и потпретседателот на партијата Мухамед Зекири, сепак коалицијата е поддржана од целата партија особено од останатите од раководството на партијата.
-Не верувам дека може да се случи во СДСМ да се влезе во ваква коалиција а да не е консензуално. Не може само тројца луѓе да потпишат такво нешто, вели Муслиу.
Во однос на предизборната кампања Муслиу вели дека партиите мора да ја европеизираат, односно да престанат со тие масовни собирања на граѓаните по улици и така да ја мерат силата.
-Време е нашите политички партии да го сменат начинот на политичко делување, тие големи протести што ги праат, кој повеќе луѓе ќе собере. Треба малку да земат поевропски текови, нема потреба да собираат 20-30 илјади луѓе. Тоа е одлик на граѓански протест, а не на политички партии. Погрешно е тоа кој ќе собере повеќе луѓе па да се покажува сила, вели Муслиу.