Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по излегувањето од Собранието денес, откако опозицијата не обезбеди кворум за гласање недоверба на Владата, рече дека е некоректно што медиумите пред камери му поставуваат прашања.

Запрашан за изјава по необезбедувањето на 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, тој одби да одговори и се пожали дека новинарите некоректно се однесуваат со него.

„Некоректно е, многу е некоректно. Ви кажав ќе ви дадам изјава после, некоректно ме прашувате со камери“ рече Николоски.

Претходно и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски избезумен, морбидно пратеникот Кастриот Реџепи кој не се појави денес во Собранието, го спореди со покојниот Амди Бајрам.