Со финансиски средства од Светска банка ќе се изврши реконструкција на управната зграда на патниот премин и пристапниот пат до терминалот за тешки возила на граничниот премин со Република Бугарија кај Крива Паланка, Деве Баир.
Активностите се дел од проектот на Светска Банка насочен кон олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, во чии рамки за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир се одобрени се 4.1 милион долари, најави директорот на Царинската управа, Горан Сугарески.
-Со зголемување на меѓународното значење на граничниот премин Деве Баир и зголемената фреквенција на промет на патници и стоки, се наметнува потреба од проширување на преминот со по две дополнителни сообраќајни ленти за влез и излез од државата. Модернизацијата и стандардизацијата на граничните премини се дел од активностите кои ги преземаме во насока на намалување на корупцијата, што е наш приоритет и точка високо ставена на приоритетната листа на Владата. Со овој проект планирана е реконструкција на управната зграда на патниот премин и на пристапниот пат до терминалот за тешки возила заради негово непречено користење во зимски услови, како и изградба на нова пречистителна станица и поставување на нова колска вага. Реализацијата на активности за осовременување на граничните премини придо
Царинската управа има директна улога во зголемувањето на економскиот раст на земјата и создавање на поповолна деловна клима, изјави вчера Сугарески.
Посочи дека во насока на откривање и казнување на корупцијата, континуирано собираат информации од учесниците во царинските потапки со давање на гаранција на анонимност преку: отворената бесплатна царинска линија 197, електронска пријава поставена на веб-страницата на управата, како и по писмен пат или непосредно.
-Три години по ред ја спроведуваме и промотивна кампања „Стоп за корупцијата“ која има за цел подигнување на јавната свест за пријавување случаи на корупција, судир на интереси и злоупотреба на службените овластувања на царинските службеници. Како резултат на ова, зголемен е бројот на примени поднесоци во 2020 година, споредено со 2017, 2018 и 2019 година, дополни Сугарески.