-Се случи страшна трагедија ноќеска во Бугарија. Во автобуска несреќа загинаа македонски државјани, меѓу кои повеќе деца и млади, а има и неколку повредени.
Со министерот за здравство Филипче и со министерот за надворешни работи Османи сме во Софија, за да ги посетиме повредените, да дознаеме повеќе за несреќата и причините за истата.
Упатувам мое искрено сочувство до семејствата на починатите и им посакувам брзо закрепнување на повредените.
Штом добиеме повеќе информации и штом осигураме како можеме да бидеме од помош на преживеаните, ќе следат соодветни институционални активности и дополнителни информации за јавноста, порача премиерот Зоран Заев кој заедно со министерот Венко Филипче и министерот Бујар Османи веќе се во Софија.
Сочувство изрази и вицепремиерот Љупчо Николовски.
Сочувство до семејствата и блиските на загинатите во сообрќајната несреќа што се случи во Бугарија. Им посакувам брзо заздравување на повредените. Нема зборови за утеха за оваа трагедија.