„Државата за прв пат, добива погон кој ќе го снабдува домашниот пазар со свежо, македонско пилешко месо. Со тоа очекуваме позитивно влијание врз домашната економија и намалување на увозот на пилешко месо.“ порача денеска вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски кој заедно со премиерот Зоран Заев и владини членови ја посетија новата инвестиција на ‘Интернационал Фреш Фуд’ во селото Гиновци, општина Крива Паланка.
Николовски посочи дека создавањето услови за домашно производство на храна е врвен приоритет на Владата на РСМ.
„Овие модерни инвестиции, особено во време на глобална пандемија, се исклучително важни за развој на регионот, за отворање нови работни места, подобрување на бизнис климата и покренување на економијата.“ – заклучи Николовски.