Советот за општи работи на ЕУ нотира значителен напредок во владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал во Северна Македонија.
Препознаен е резултатот од мерките и активностите на кои Владата, независните институции, невладиниот сектор и нашите меѓународни партнери работеа во изминатата годинам, објави вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на својот официјален фејсбук профил.
Во подготовка се новите мерки и активности за следниот период, додава вицепремиерот.