„Ќе се одговара и за набавката на автобуси во јавното претпријатие, ќе се одговара и за фалсификувањето на лични карти, ќе се одговара и за автопатските провозии кои што се случуваа, ќе се одговара другар Јанушев за се во државата“, му порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во вечерашното соочување во „Топ тема“ на ТВ Телма на  генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Јанушев.
„Ќе се срамите и ќе одговарате за секое злодело, не е Љупчо Николовски туку Игор Јанушев е осомничен и има обвинение од обвинителствата во државата, не знам кој е обвинет и кој е осомничен за автобусите и за набавката, кој се слушаше во бомбите за фалсификувани лични карти? Кој е одговорен за панорамското тркало?“,  праша Николовски.
Следува правда и одговорност за секого.