Денеска се одржува четвртата работилница од осумгодишната „Програма за управување со пожари на ниво на предел“, на која учествуваа претставници од речиси сите релевантни институции како и приватни организации и здруженија.

420198785_953623549464815_834389198914888061_n
Постојаното зголемување на температурата предизвика глобално затоплување на планетата и променливи временски услови, засилени, неочекувани и понекогаш екстремни климатски непогоди, кои претставуваат сериозна закана на глобално, регионално и на национално ниво. Овие промени ја зголемуваат веројатноста за интензивни пожари на ниво на предел, загрозувајќи ги екосистемите, ризикот по животот на населението и пределите од кои луѓето егзистираат.

„Оваа програма е од особено значање за државата и јасно ја отсликува нашата свесност за влијанието на климатските промени и потребата да имаме национална стратегија како да управуваме со пожари на ниво на предел. „Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан” веќе година и пол спроведува активности во нашата држава, каде Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е активен партнер и е државна институција која е одговорна за спроведување и имплементација на активностите на национално ниво со стручната и експертска поддршка обезбедена од страна на Регионалниот центар за следење на шумски пожари од Скопје. Оваа програма, која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координирана од ФАРМАХЕМ – Скопје и со советодавна поддршка на ХЕЛВЕТАС од Швајцарија, има за цел преку активна работа на сите учесници, да придонесе за ублажување на негативното влијание од пожарите на ниво на предел во Западен Балкан и да придонесе кон намалување на влијанието на климатските промени. Со тоа ќе се постигне зголемување на отпорноста на шумите во Западен Балкан, од кое директна корист ќе има локалното население, шумскииот биодиверзитет, односно целиот екосистем карактеристичен за одреден предел“, посочи министерот Николовски.

22

Она што ја прави оваа програма уште позначајна е тоа што програмата се спроведува во седум земји од Западен Балкан и има за цел да ја подобри регионалната соработка помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Балканските држави се поврзани меѓусебно за заедничко координирано управувањето со пожарите на ниво на предел. Во таа наша заедничка активност, вклучени се претставници од повеќе различни институции, организации и здруженија, како и локалното население, што силно придонесува да се подигне јавната свест за заштита на природните ресурсии и важноста на личниот придонес на секој поединец.

Од друга страна, освен региоалната соработка, програмата предвидува и национален ангажман и посветена работа на нашата Национална мрежа, која преку еден отворен и транспарентен процес, изработи Извештај за управување со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија, кој денеска беше презентиран. Овој Извештај како заеднички производ, има за цел да придонесе кон подобро разбирање на состојбата со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија, земајќи ги во предвид шумите и другото шумско земјиште, како главен екосистем во кој се случуваат пожарите, вклучувајќи ги и пределите односно целокупниот пејзаж кој е потенцијално загрозен од пожар. Извештајот јасно ги детектира слабостите на системот и дава насоки за подобрување на состојбата и изготвување на национална стратегија, како основа и клучен документ врз кој ке се водат идните политики за управување и заштита на шумите и пределите од пожарите.

„Програмата е сеопфатна, пристапот е фронтален со широко учество на релевантни државни институции но и приватни органзиации и здруженија како и силна регионална соработка. Заедно сме во овој процес, затоа што така сме посилни, подготвени, координирани, обучени и мотивирани заедно да се бориме против влијанијата на климатските промени и потенцијалните опасности од пожар. Ова е нешто што одамна ни требаше, но никогаш не доцна за подобрување на состојбите и затоа ми е драго што имаме ваква програма која веќе ги дава првите резултати“, рече министерот Николовски во своето поздравно обраќање пред присутните.

418425861_953623716131465_3834844606018603352_n

Николовски упати искрена благодарност до сите учесници за активниот придонес кон напредокот на „Програмата за управување со пожари на ниво на предел“. Како резултат на досегашната работа на Националната мрежа, имплементирани се принципи за управување со пожари на ниво на предел во новиот Закон за шумите кој е во владина постапка за негово усвојување, а во фаза на изработка се и три нови правилници кои произлегуваат од Законот.

„Програмата за управување со пожари на ниво на предел“ е осумгодишен проект кој со одговорна и посветена работа и во наредните години, ќе придонесе за да ја достигнеме нашата заедничка цел, а тоа е да изградиме национални екосистеми отпорни на пожари.