Во рамките на работната посета на Брисел, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски вчера во седиштето на НАТО оствари средба и со нашиот амбасадор Дане Талески.

За нас ова е историја. Остваривме стратешка цел на многу генерации, истакна Николовски.

„Со нашиот амбасадор, Дане Талески, во седиштето на НАТО зборуваме за тоа дека ништо не е лесно, се потсетивме каде бевме, а каде сме сега.
Просториите на нашата Постојана делегација сега се тука во централното седиште на Алијансата, имаме свој дел со изградени професионалци и капацитети што работат за наше добро.
Северна Македонија сега е сигурна, безбедна, интегрирана и земја со јасна иднина.
Ги решаваме проблемите, градиме пријателства, создаваме партнерства, отвораме европски можности, одиме напред!“, истакна Николовски.