Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска беа во посета во реновираната Универзитетската Клиника за Ортопедија при Клиниката за ТОАРИЛУЦ Скопје.

„По неколку децении, комплетно е реновирана Универзитетската Клиника за Ортопедија при Клиниката за ТОАРИЛУЦ Скопје.
Ова е најголема инвестиција на Клиниката за Ортопедија во изминативе неколку децении“, истакна Николовски.

Николовски упати голема благодарност до сите донатори, до Министерството за здравство и до министерот Венко Филипче кој го поддржа проектот.