„Знаеме дека деблокадата кон ЕУ зависи од една држава. Џабе моите разговори со европските лидери. Јас мислам дека сите ние изминатите месеци велевме само што не сме почнале. Блокадата од Бугарија е тука. Се креира, само што не е формално ставена“, рече вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски во гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.

„Бугарија има претседателски и парламентарни избори, и по претпоставка Радев да го добие вториот мандат, и би завршиле парламентарните избори. До 14 декември е последниит совет на ЕУ.

Според роковите во бугарскиот Устав, до 14 декември Бугарија сигурно ќе нема влада. Големо прашање ќе биде дали ќе има и парламент. И се враќам на прашањето на Радев кога одевме во Ватикан. Тој вели дека можеме да разговараме за било што од овие прашања, но тој е функционална институција, и дека има службена влада, но тоа е техничка влада која нема легитимитет, а парламент нема.

На 14 декември Радев ќе биде единствена функционална институција, по претпоставка да победи. Ако тој биде единствена функционална институција, што правиме со парламент и Влада. Не е одлука тоа на претседателот, туку на сите политички партии, и тие имаат парламентарна декларација со нивните црвени линии“, изјави Пендаровски.