Претседателот на државата, Стево Пендаровски во изјава за медиумите, по новинарско прашање околу тоа дали мора да има помилувања на затвореници, истакна дека во текот на годината има 5-6 т.н. помилувања, додека пак 2 се задолжителни кои се нарекуваат празнични или колективни по повод Нова година и 2-ви август.

Тој појасни дека помилувањата поминуваат преку неколку нивоа пред да стигнат до Претседателот.
Пендаровски вели дека помилувањата ги предложуваат Управите на затворите до Министерството за правда, од каде се препраќаат кон постојаната Комисија во Кабинетот на Претседателот, од каде потоа одат кај Претседателот.

„Сосема е независно какви се претходните одлуки на Управата на затворот, што предлагаат тие… Не зависно што предлага Министерството за правда и не зависно што предлага мојата комисија во Кабинетот – јас можам да одлучам како сакам! Можам да прифатам, а можам и да одбијам“, порача Пендаровски.